Летово,врајќајки се од Битола јас и мојата сопруга поминувавме покрај охридските гробишта.
Мојата сопруга ме замоли да отидеме на гробот од татко и.
Беше пладне и беше многу жешко и светло.
Бидејќи имам сини очи многу сонце ми смета.
Во фиоката од автомобилот барам некакви наочари и ги здогледав портокаловите наочарите од син ми Матеј.
Ги зедов,ги ставив и додека се припремав да излезам од автомобилот и реков на жена ми:
Да не е срамота што ги ставив портокаловите наочари(се почувствував како кловн со нив) за да одам низ охридските гробишта,сепак си мислам гробишта се не е циркус,а таа се врти кон мене и ми вели:
Да не мислиш дека некој ќе те врати од таму.
Post scriptum: Многу често го анализирам своето однесување па затоа овој настан го поврзувам со зборовите обзир,почит,виц,анегдота,вистина,реалност.
Comments